Кадетките на Македонија и по втор пат подобри од Тунис
Нашата женска кадетска ракометна репрезентација оствари две победи против селекцијата на Тунис пред стартот на Мундијалот кој ќе стартува од 20 јули до 3 август, а а на кој ќе бидеме домаќини токму ние.
Ракометарките на Аце Станковски синоќа славеа со 24:17, додека во првиот меч беа подобри со 26:20.
Македонската репрезентација е дел од групата Ц и на отворањето во 1.коло во недела (20.јули) ќе игра против Германија. Покрај оваа репрезентација во нашата група ќе играат уште: Аргентина, Романија, Данска и Узбекистан.
На шампионатот учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи (две групи се играат во Охрид, а по една во Струмица и во Скопје). Завршницата на шампионатот ќе се одигра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа