Македонија со скок од шест места на ФИФА листата

 

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од шест позиции на најновата ФИФА рејтинг листа, објавена денеска на официјалниот сајт на Светската фудбалска организација. Македонија во јулското рангирање на 74.место.

Од противниците во квалификациската група за ЕП 2016 најдобро рангирана е Шпанија, но „црвената фурија“ веќе не е лидер, туку е осма по слабото издание на Мундијалот во Бразил. Украина е 22.ра, Словачка е на 46.позиција, Белорусија е на 81.то место, а најслабо рангиран е Луксембург – 108.место.

Новиот светски шампион Германија се искачи на врвот на оваа листа пред финалистот на СП Аргентина и Холандија.

17.07.2014 - 12:45
Фото: 
безпардон
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега