Outlet Саем за прв пат на Скопски саем до 16 јуни
На Скопски саем од утре до 16 јуни ќе се одржи Првиот Outlet Саем.
На овој саем посетителите на едно место ќе може да најдат се за реновирање, реконструирање, градење, уредување, преуредување и разубавување на своите домови, градините и дворовите.
Манифестацијата ќе се одвива на 7.000 метри квадратни внатрешен изложбен простор во три хали и целокупниот надворешен простор со повеќе од 60 штандови. Ќе бидат понудени дневни соби, спални, трпезарии, кујни, детски соби, гарнитури, лежаи, кревети за бебиња, ормари, комоди, ТВ витрини, основи за душеци, теписи, паркети, ламинантни подови, АД ѕидни панели, телевизори, врати, туш кабини и кади, осветлување и електрика, климатизација, опрема за домаќинство...
Влезот е бесплатен, а за посетителите Скопски саем ќе приреди и наградна игра.