Фелипе Луиз преминува во Челзи
Бразилскиот интернационалец Фелипе Луиз кариерата ќе ја продолжи во Челзи откако клубот од „Стемфорд Бриџ“ се договори со Атлетико Мадрид, досегашната екипа за која настапуваше одбранбениот фудбалер.
Англиските медиуми пишуваат за сума од 20 милиони фунти, додека Атлетико се уште не објавил информација за висината на трансферот.
Луиз минатата сезона со Атлетико ја освоија Примера Дивизија, а играше и во финалето на Лигата на шампионите каде победи Реал Мадрид. На 49.те настапи за „јорганџиите“ постигнал еден гол.
Бразилецот играл и за екипите на Фигуиренсе, Рентистас, Реал Мадрид Б-тим и Депортиво Ла Коруња. За националниот тим има одиграно четири натпревари.
Челзи освен со Луиз, од Атлетико Мадрид се засили и со Диего Коста, а го врати и позајмениот голман Тибо Куртоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа