Доделени нови 40 решенија за легализација во Кисела Вода

 

Нови 40 решенија за легализација денеска им беа доделени на жителите во Кисела Вода кои ја доставија потребната документација, со што бројот се зголеми на 2.877.

- Подобрувањето на динамиката на легализација на дивоградбите се должи на повеќето технички мерки што ги воведовме, но, сепак, одговорноста ја носат и лицата кои нелегално ги поседуваат објектите и кои треба да ги запазат законски предвидените рокови за доставување на документите, истакна градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.

Таа додаде дека легализацијата на дивоградбите е во интерес и на граѓаните и на општината.

 

14.07.2014 - 12:36
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега