„Нема да бидеме робови“ - протести го стресоа Сараево
Во Сараево се одржува работнички протест под слоганот „Нема да бидеме робови“, во организација на Сојузот на самостојни синдикати на БиХ.
На протестот учествуваат околу 5.000 работници, воени пензионери и други граѓани.
Меѓу барањата на синдикалците се борбата против криминалот и корупцијата и подобрување на статусот на работниците, пренесува „Дневни аваз“.
Учесниците на протестот ќе ги обиколат седиштата на сите нивоа на власта, а претседателот на синдикатот Исмет Бајрамовиќ најави дека доколку денешната акција не донесе никакво подобрување на работниците, ќе биде организиран генерален штрајк.