Ди Мариа и Хумелс преминуваат во Манчестер Јунајтед?
Анхел ди Марија, аргентинецот од редовите на Реал Мадрид и Матс Хумелс од Германија, се желби на Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите од Англија.
Менаџерот на „Олд Трафорд“, Луи ван Гал, е подготвен да издвои 75 милиони фунти за ова извонредно дуо.
45 милиони евра му се понудени на Реал Мадрид за Ди Мариа, додека за Борусија од Дортмунд сопствениците на Јунајтед подготвиле 30 милиони евра.
Хумелс би можел да настапува во Премиер лигата, затоа што од Манчестер Јунајтед се преселија Видиќ и Фердинанд.
Заедно со Јунајтед за ди Мариа богат договор нуди и Пари Сен Жермен, со тоа што Аргентинецот беше желба на составот од Манчестер и во Португалија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа