Трентин победник на седмата етапа на Тур Д‘ Франс

 

Италијанскиот велосипедист Матео Трентин е победник на седмата етапа на велосипедската трка Тур Д‘ Франс.

На целта во Нанси тој беше најбрз и патеката долга 233 километри ја мина за 5 часа 18 минути и 39 секунди. Исто време со победникот имаше поголема група натпреварувачи, а место на победничкиот подиум во спринтот со победникот изборија Петер Саган (Словачка) и Тони Галопин (Франција). Денешната етапа се возеше од Еперни до Нанси.

Во генералниот пласман по седум етапи води Виченцо Нибали (Италија), кој водено ја носи и „жолтата маица“ со вкупно време 29 часа 57 секунди и 4 секунди. Тој има само две секунди подобро време од Јакоб Фугсланг (Данска), а Саган има заостанување од 44 секунди зад Нибали.

Утре се вози осмата етапа од Томблен до Жерардмер Ла Муселен во должина од 161 километар.

11.07.2014 - 20:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега