Суарез и официјално ќе го облече дресот на Барса со број 9

 

Најдобриот играч и стрелец во Премиер лигата од ланската сезона Уругваецот Луис Суарез го напушта англискиот вицешампион Ливерпул и ќе се пресели во Барселона. Ова денеска го соопшти англискиот тим по преговорите што меѓу двата клуба одвиваа неколку дена. 

Суарез откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со „каталонците“.

Според британските медиуми, Барселона за трансферот ќе треба да плати 75 милиони фунти, а преминот со добредојде на официјалниот сајт го потврди и шпанскиот клуб.

Суарез во Барселона ќе настапува во дресот со број 9. Уругваецот ја издржува четиримесечната суспензија за забрана на играње од страна на ФИФА поради гризењето на Џорџио Киелини на Светското првенство на дуелот Уругвај – Италија.

11.07.2014 - 19:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега