Катастрофата се ближи - светот ќе постои уште само неколку години
Цел свет има уште само неколку години да спречи катастрофални последични климатски промени кој ќе донесат екстремни временски прилики и ќе направат делови од светот да бидат невозможни за живеење, предупредува новиот клучен документ во ОН.
Во извештајот кој го составиле 722 научници, се наведува дека доколку се продолжи на овој начин, може да дојде до значително подигнување на нивото на морињата, и големи промени во температурата кои драматично ќе влијаат на животот на луѓето.
„Забележаните влијанија на климатските промени веќе се на големо раширени и значајни“, пишуваат членови на Меѓународниот панел за климатските промени (IPCC) во документот.
Извештајот пренесува за најсериозни и најгласни предупредувања на кои досега IPCC се произнел. Според него криматските промени веќе се гледаат и се очигледни, и се закана за различни болести во Африка, материјални штети и губиток на животи поради шумски пожари во Северна Америка, смалување на производството и квалитетот на храната во Јужна Америка.
Според IPCC, на светот му се ближи моментот од кој потоа ќе нема враќање. Просечните температури во однос на прединдустриското време ќе пораснат за два степени целзиусови. Левин предупредува дека доколку ја поминеме оваа граница, ќе се соочиме со големи промени и ќе живееме во сосема непознат свет со страшни последици.
„Ако температурите пораснат за четири степени, како што предвидуваат некои модели, ќе дојде до драстични промени во земјоделството“, нагласил американскиот научник.
Левин вели дека властите, освен со чиста енергија, би требало повеќе да вложуваат во подготовките за последиците од климатските промени. На тој начин заедниците би требало да се преселат во помалку ризични предели за живеење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа