Ослабете со помош на сексот
Познато ни е мислењето дека сексот може да ви помогне да изгубите вишок килограми.
Потење и согорување на многу калории, нели?
Но сепак мора да ве разочараме и да ви откриеме дека всушност, сексот не е толку интензивен кардио тренинг како што мислевте а тоа го тврди и гинекологот Лорен Штрајхер.
-„Би сакала тоа да беше вистина, но реалноста е дека за време на сексот губиме пет калории во минута, а кај повеќето луѓе сексот трае 10 до 15 минути“, вели таа.
Освен тоа, повеќето парови во просек имаат секс еден до два, а во најдобри случаи до три пати неделно. „Затоа, доколку навистина сакате со секс да изгубите тежина би требало да го постигнете тоа ако имате секс десет пати дневнo“, додава докторката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа