Еве каква храна треба да јадете за да се спасите од целулитот

 

Во борбата против целулитот најважна е здравата исхрана со многу овошје, но и зеленчук. Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за јакнење на сврзувачкото ткиво. Повеќе зеленчук во исхраната, протеини и вода, помагаат во воспоставување на мормално ниво на естроген во крвта и регулирање на шеќерот во крвта, што се исто така важни фактори против целулитиот.

Не заборавајте дека во борбата против целулитот, како и несаканите килограми, потребно е трајно менување на прехранбените навики. Темелната промена во исхраната секако може да помогне вашето сврзувачко ткиво да биде поцврсто, а целулитот да се намали.

Зошто зеленчук? 
Свежиот зеленчук содржи речиси повеќе витамин Ц од некое овошје. А бидејќи витаминот Ц игра главна улога во јакнењето на врзувачкото ткиво, најдобро што можете да направите во прилог на желбата за мазна кожа е секојдневно во менито да имате неколку порции зеленчук, особено свеж.

Салатата од свеж зеленчук нека ви биде дел од секојдневјето, а со секој ручек и вечера јадете и варен зеленчук. Заменете ги со него тестенините и лебот. Особено добри за оваа намена и вистински витамин Ц-бомби се свежиот спанаќ, црвените пиперки, прокељот, кељот и брокулите и магодоносот.

Во изборот на овошје и зеленчук всушност и не можете да згрешите. Но сепак, ви издвоивме три топ нај зеленчуци против целулит кои секако би требало да ги јадете колку што е можно почесто.

1. Сладок компир
Тоа е еден од најстарите зеленчуци што му се познати на човекот, а воедно е и еден од најхранливите и најздрави зеленчуци и идеален против целулит. Содржи калиум, витамини Ц и Е, бета каротен. Заради коренестите протеини тој е одличен антиоксиданс. Генерално, слаткиот компир е број еден зеленчук за подобрување на циркулацијата и за елиминирање на токсините  - две најважни работи за отстранувањето на целулитот.

2. Брокула
Таа е одличен борец против целулитот поради 3 причини: прво, содржи алфа липоична киселина која помага против стврднување на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на прехранбени влакна. КОнечно, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, кој е инаку одличен борец против целулит.

3. Прокељ
Консумирањето на зелен лиснат зеленчук во кој спаѓа и прокељот, е одличен сојузник во борбата против целулитот. Таквиот зеленчук, освен витамин Ц, содржи и материја која се вика indol-3-karbinol (I3C) која во организмот се претвора во di-indolil metan (DIM) кој им помага на ензимите од црниот дроб да го блокираат производството на штетните материи одговорни за губење на квалитетот на колагенот.

 Извор: Убавина и здравје

10.07.2014 - 09:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега