Голот на Ван Перси на паричка
Холандската кралска ковачница одлучила на посебна паричка да го одбележи успехот на репрезентација на Холандија и пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Бразил.
На паричката ќе се најде Робин ван Перси, моментот кога со глава ја упати топката во мрежата на Шпанија.
Голот кој го постигна Ван Перси несомнено е еден од најубавите кој биле видени на СП, а истиот сега ќе биде овековечен на паричка.
Изработени ќе бидат само 6.000 парички, а сите веќе се продадени по цена од 9,95 евра, иако според ограничувањето една личност може да купи најмногу две парички. Оваа метална паричка ќе биде вредна само за колекционерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа