ВИДЕО: Го ослободија по 50 години - видеото кое го трогна светот
После 50 години заробеништво низ кои минал вистинска голгота, трпејќи глад, ќотек и злоупотребување, слонот Раџу бил врзан со синџири и дење и ноќе... На неговите маки минатата недела им дошол крајот бидејќи бил спасен од страна на активистите на британската организација „Wildlife SOS“.
-Слоновите се интелигентни и емотивни животни. Докажано е дека покажуваат емоции и чувство на среќа, како и дека патат. Раџу плачеше кога беше ослободен, така што е јасно каква тортура преживеал. Додека не му помогнавме, тој не знаеше какво е чувството да оди без окови. Ова е навистина тажен случај. Сепак, Раџу денес знае како е да се биде слободен. Тој веќе нема да страда, рекла портпаролката на организацијата.
Она што го трогна светот се солзите на слончето додека било ослободувано.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа