Светот остана без најголемата фудбалска легенда на Реал Мадрид Алфредо Ди Стефано

 

Вчера на 88 годишна возраст згасна животот на легендарниот фудбалер Алфредо Ди Стефано.

По само еден ден од неговиот роденден Ди Стефано не успеа да ги преброди проблемите со срцевиот удар кој ги доживеа минатата недела. 

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и некогашен претседател на „Кралскиот клуб“ е роден во Аргентина, а богатата фудбалска кариера ја започна во родната земја во тимот на Ривер Плата. Играше и за Милионариос, по што направи трансфер во Шпанија, каде беше лидер во тимот на Реал Мадрид, а кариерата ја заврши во Еспањол. 

Тој беше прогласен за најдобар играч во историјата на Реал, тим за кој одигра 392 меча, а постигна 305 гола, што голем период беше и рекорд на клубот, се до пред четири години го беше минат од Раул Гонзалес. 

Беше двапати добитник на „Златната топка“ во 1957 и 1959 година, а во ЛШ односно поранешниот Куп на шампиони дури пет пати се радуваше на трофејот наменет за најдобар тим во Европа.

 

Алфредо Ди Стефано светот го познаваше и како единствениот фудбалер кој настапувал за три репрезентации: Аргентина, Колумбија и Шпанија. Во кариерата одигра вкупно 510 официјални натпревари и постигна 418 погодоци.

 

08.07.2014 - 09:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега