Зошто не сме тивки за време на сексот?
Одговорот е едноставен - на тој начин го покажуваме она што ни се допаѓа, ја распламтуваме страста и го зголемуваме заедничкото уживање.
Гласовите кои луѓето ги произведуваат и ги испуштаат за време на сексот многу се разликуваат. Можеме да ги поделиме во две групи. Во првата се всушност фразите кои ги користиме за време на сексот.
Станува збор за оние зборови кои ги користиме за "да го контролираме" уживањето, како: "побрзо", "посилно", "до крај" ... со кои ги изразуваме своите желби околу чинот.
Во втората група ги вклучуваме издишките, стенкањето, земањето здив и се разбира, врисокот при оргазам. Иако можеби вака напишани овие гласови не значат многу, факт е дека тие зборуваат многу повеќе од самите зборови. Зошто едноставно за време на сексот не сме тивки?
Што не сакаме да кажеме? - Со гласовите и извиците, секако, сакаме да му дадеме до знаење нешто на партнерот. Што ни се допаѓа и што ни одговара, што не пали и колку сме блиску до оргазам. Со помош на овие звуци, му даваме до знаење на партнерот дека вистински уживаме и дека сме возбудени.
Сакаме да ја зголемиме сексуалната возбуда - Гласовите на сладост и задоволство имаат возбудлив ефект, како за тој што ги произведува така и за оној кој ги слуша. Нормално дека повеќе ќе се возбуди нашиот партнер кога ќе му покажеме колку тој нас не возбудува отколку само да молчиме. Мажите необично многу ги возбудуваат женските издишки и секвкупните звучни стимулации, додека жените се возбудуваат кога партнерот нешто ќе им шепне на увце или додека го слушаат неговото стенкање за време на оргазмот.
Така го зголемуваме и задоволството - За време на сексот, кога нас устата ни е најчесто отворена и произведуваме звуци токму тоа не води до хипервентилација. Благодарение на сите овие компоненти заедно пристигнуваме до чувството на блаженство, еуфорија и состојба на транс. Истовремено е интересно дека издишките при почетокот и при крајот на сексот се менуваат. На почеток полесно ги контролираме и полесно склопуваме зборови и реченици, додека кон крајот веќе ретко кој можеда го контролира своето дишење и звуците. Каков и да е вашиот стил на издишки и испуштање звуци воопшто нека не ви биде непријатно, опуштете се, тоа е неизоставен дел од сексот.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа