ВНИМАВАЈТЕ што купувате - облеката може да биде отровна

 

Фунгициди, хемиски бои, дамки отпорни на оган...сите овие токсични материи не само што се штетни за луѓето туку се штетни и за животната средина, а ги има во облеката, поради што треба да бидете особено внимателни што купувате.

Откако ќе се собере памукот истиот се носи на инкарнацја во текстилната фабрика, каде што се меша со синтетиката, најлонот или полиестерот, а при овој процес се додаваат хемикалии кои што ја прават облеката попривлечна за купувачите. Така, истражувањата покажале дека само во Австралија 80,000 хемикалии се користат во секојдневните потрошувачки производи, градежните материјали, храната, пакувањето на истата, производите за чистење, за лична нега и др. 75% од сите овие работи никогаш не биле тестирани за нивната токсичност врз човековото тело или животната средина.

Експертите сугерираат луѓето да купуваат облека од направена од органски памук, волна, бамбус, коприва и коноп.

07.07.2014 - 11:39
Фото: 
фактор.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега