Еве кој ќе му биде кум на Ѓоковиќ
Уште неколку дена остнуваат до свадбата на Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ. Како што пишуваат српските медиуми сведокот кој ќе застане до нив нема да биде тенисер туку фудбалер.
Професионалниот фудбалер Невен Марковиќ кој е и воедно најдобар пријател на Новак од раното детство ќе биде кумот на овој брак.
Како што Невен раскажува, тие двајца биле неразделни додека професионалните обврски не ги однеле на различни страни во светот.
Новак заминал за тениската академија, додека Невен фудбалската кариера ја градеше во неколку српски клубови, а моментално игра за Швајцарија.
03.07.2014 - 14:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа