Еве што значи кога сонувате секс со поранешното момче

 

Соновите со секс со поранешниот обично имаат значење дека се уште се обидувате да се помирите со некои нерешени чувства кон него, но тоа не мора да значи дека сакате повторно да бидете со него.

Еве што значат дел од соништата:

1. Секс со поранешниот - Соништата со секс со бившиот најчесто имаат значење дека се уште се обидувате да се помирите со некои нерешени чувства кон него, што не мора да значи дека сакате повторно да бидете со него.

2. Секс со личност од истиот пол - Ова е сонот на самодовербата, тврдат експертите. Тоа би можело да има врска и со фазата на учење како да ги засакате сите делови од своето тело кон кои до сега сте биле критични. Но ваквите соништа можат да укажуваат на некоја несигурност која ја имате во врската.

3. Секс со пријател - Ова, од друга страна, може да значи дека кон тој пријател имате и други чувства, покрај оние пријателските.

4. Секс со странец - Ваквиот сон можеби е поврзан со делови од вас, со кои се обидувате да дојдете во допир, за да ја задржите психичката рамнотежа. Личен раст и развој. Но само доколку сонот не е трауматичен.

Извор: Точка

03.07.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега