Да не ти се верува: Грците мислат дека се најдобри во сексот
Кој имал најмногу партнери, кои се најголеми изневерувачи, кои се најголеми љубовници, а кои глумат, открива најновото светско истражување за сексот кое се спроведува уште од 2009 година во 30 земји и во кое досега учествувале дури 35.000 испитаници.
Испитаниците на возраст од 21 до 55 години открија занимливи податоци, пишува Б92.
Кој губи, а кој добива во кревет
Истражувањето откри дека 55 отсто од светската популација имале еден до осум партнери. Интересно е дека според бројот на сексуални партнери во животот се први Швајцарците. Имено, дури 26 отсто од испитаниците изјавиле дека имале 20 и повеќе партнери. Потоа Грците со 25 осто, додека во Велика Британија едно од пет лица имало повеќе од 20 партнери.
Во Јапонија дури 44 отсто од испитаниците имале сексуални односи со еден до три партнери.
Шампиони во лажење се Французите. Дури 74 отсто од испитаниците изјавиле дека биле изневерени од партнерот/ата. Потоа се земјите од Јужна Америка - Чиле, Колумбија и Бразил каде 50 отсто од испитаниците признале неверство.
Ако партнерот/ата ви е од Австралија или Белгија, имате среќа, затоа што тие спаѓаат во нации кои најмалку изневеруваат или барем најмалку го признават неверството - 77 отсто од Австралијците и 78 посто од Белгијците тврдат дека не го изневериле партнерот.
Кога е во прашање глумењето оргазам, се чини дека резултатот е подеднаков. Глобално гледано, половина од светот изглумил оргазам, барем еднаш.
Населението на Латинска Америка најголеми се фејкери. Дека глумеле оргазам признале 70 проценти од Колумбијците, а потоа се од Чиле со 64 отсто и Бразил со 56 отсто. Португалците и Грците најмалку глумат.
А во кои земји се сметаат за најголеми љубовници во светот?
Грците, Италијанците и Бразилците во најголем процент во споредба со другите сметаат дека се најдобри експерти во водење љубов. Холанѓаните се најскромни и само шест отсто од нив сметаат дека се вистински експерти во сексуалните вештини. Нешто помалку од половината Британци сметаат дека се доста добри љубовници, а само девет отсто сметаат дека се експерти.
Во просек сексот трае 32,5 минути, додека најдолг секс практикуваат Бразилците. Од нив, 64 отсто тврдат дека сексот им трае 46 минути. Јапонците, од друга страна, сакаат брз секс. Од нив, 45 отсто тврдат дека сексот трае помалку од 20 минути. Австралија го држи рекордот во брз секс. Имено, десет отсто од популацијата вели дека сексот им трае десет минути.
Најмногу сексуални помагала имаат Британците - дури 94 отсто признале дека поседуваат секси играчки, а на врвот се и Холанѓаните- кои можат да се пофалат со 16 и повеќе сексуални објекти во употреба. Чиле е на дното на листата - дури 50 отсто од популацијата тврди дека не поседуваат секси играчки.
Кога севкупното сексуално задоволство е во прашање, резултатите се задоволителни. Дури 79 отсто од испитаниците изјавиле дека се задоволни со сексуалниот живот. Англичаните и Грците се најзадоволни со сексуалниот живот - 25 отсто од луѓето целосно се задоволни со својот сексуален живот.
На самото дно е Чиле, каде само 13 отсто од популацијата е целосно задоволна.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа