По примерот од Мундијалот и во „Ла Лига“ ќе се користи спрејот
Откако се покажа како корисна алатка на Мундијалот, спрејот за обележување на линија при изведување на слободни удари, најверојатно ќе се користи и во новата сезона во Шпанската фудбалска лига.
Реномираниот шпански спортски магазин, пренесува дека користењето на спрејот наишло на одобрување кај челниците во Ла Лига, и се очекува истото да биде одобрено во новата сезона 2014/2015. Исто така најверојатно ќе се користи и во пониската фудбалска лига Сегунда.
На Мундијалот во Бразил за прв пат арбитрите користат спреј за обележување на линијата, зад која фудбалерите прават жив ѕид на одалеченост од 9,15 метри од топката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа