Разрешен српскиот владика Качавенда кој е обинет за сексуална злоупотреба на момче

 

Василиј Качавенда денеска беше разрешен, а ваквата одлука ја потврди и епископот Иринеј. Иринеј не дозволи да бидат поставени прашања од страна на новинарите, а истовремено не одговори за причините зошто Качавенда е разрешен од должноста. На 22 април Синодот го разреши Качавенда, а претходно кон крајот на минатата година самиот тој од здраствени причини побара да биде прифатена неговата оставка.  

Српските медиуми изминатите месеци објавија написи и снимки на кои се гледа дека Качавенда блудничел. СПЦ се уште не се има изјаснето за таквите снимки.

најчитано сега