МЗТ се засили со Митев и Јанакиевски

 

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во престојната сезона се зајакна со Боби Митев и Златко Јанакиевски. И двајцата ќе бидат дел од стручниот штаб на аеродромскиот клуб. Митев е познат на кошаркарската јавност, по неговата кариера како прв тренер и помошник во неколку клубови и репрезентации во Европа и Азија. 

Минатата сезона работеше во иранскиот прволигаш Естегал Зарин Кешм.

Јанакиевски е еден од нашите најквалитетни кондициони тренери, чие што долгогодишно искуство во подготовката на професионалните спортисти ќе биде мошне значајно за МЗТ Скопје.

Со ангажманот на Митев и Јанакиевски се комплетира стручниот штаб на „аеродромци“. Митев заедно со Александар Јончевски ќе бидат помошници на тренерот Змаго Сагадин.

03.07.2014 - 09:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега