Голем протест пред скопска Железарница
Граѓани од населбите кои гравитираат кон скопската железарница со блокирање на влезот на фабриката организираа протест против, како што велат, постојаното испуштање отровни гасови во воздухот, што редовно се случува рано наутро или во доцните попладневни часови.
Тие бараат итно поставување на филтри на оџаците на фабриката „Макстил“ или во спротивно таа да престане со работа.
Освен блокадата на влезот на фабриката, граѓаните ја блокираа и главната крстосница во населбата Автокоманда.
На ваков начин, посочуваат тие, сакаат да го свртат вниманието на јавноста и на власта за да се преземат мерки за спречување на загадувањето.
Не сме против работењето на фабриката, велат граѓаните, бидејќи таму има луѓе кои се вработени и егзистираат од таа работа, но само бараме да се постават соодветни филтри кои ќе го спречат загадувањето
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа