Ракот на простатата може да е поврзан со сексот

 

Истражувањето спроведено во САД покажало дека ракот на простата може да предизвика вообичаена инфекција која се пренесува преку сексуален пат.

Тим на научници на Универзитетот во Калифорнија ја тестирал човечката простата и установил дека сексуалната пренослива невирусна инфекција, под име трихомонијаза, предизвикува раст на ракот.

Трихомонијазата инфицирала повеќе од 275 милиони луѓе ширум светот. Инфицираните мажи можат да почувствуваат болка за време на уринирањето, а се појавува и бела течност од пенисот. Кај жените се јавува болка околу вагината и промена во мочниот меур. Но, ова се симптоми кои не се јавуваат кај половина од заразените мажи и жени.

 

Инаку студијата спроведена во 2009 година на Харвард, утврдила дека четвртина од мажите со рак на простатата имаат симптоми на трихомонијаза.  

02.07.2014 - 18:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега