Кошаркарските репрезентативците го прекинаа бојкотот!
Во соопштението упатено до јавноста од канцеларијата на МКФ, пишува дека макотрпните разговори меѓу претставниците на Здружението на кошаркарски играчи и раководството на Македонската кошаркарска федерација, придонеле за прекин на бојкотот на репрезентативците со почнување на подготовкит.
Договорени се конкретни заклучоци за преземање итни активности со цел побрзо решавање на актуелните проблеми со заштита на домашните играчи.
Се воведе привремен мораториум на регистрирање и лиценцирање на странски играчи, на барање на ЗКИ. Ваквиот мораториум ќе трае се додека не се дојде до взаемно прифатливо решение на проблемот со заштитата на домашните играчи, при што ќе се потпише трипартитен протокол од страна на ЗКИ, Здружението на прволигаши и МКФ.
МКФ треба да организира состанок на претставниците на ЗКИ, заедно со претставниците на Здружението на клубови од прва лига мажи, на кое ќе се договара решавање на проблемот со правилото за настап на шест странски играчи и ќе се разгледуваат останатите барања на ЗКИ.
Исто така со посредство на МКФ, претставниците на ЗКИ треба да остварат средби со повисоките надлежни државни институции (претседател на Влада и директор на Агенција за млади и спорт) од кои ќе се побара помош и асистенција за решавање на проблемот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа