Барбика без коса за девојчињата болни од рак
Калифорниската компанија Мател најавила дека дел од остварениот приход кој го остварува ќе биде уплатен на органнизацијата која е задолжена за истражување на ракот.
Одговарајќи на повикот на потписниците на една петиција, водечката компанија за производство на играчки, Мател ја прозивела барбиката Ели, која е без коса, а е наменета за децата болни од рак.
Барбиката без коса, веќе некое време постои, но нејзиното производство било ограничено.
Првата барбика без коса е креирана за едно девојче болно од рак, уште во 2011 година. Петицијата која е започната на сајтот change.org, успеала да ги убеди Мател да го зголемат бројот на произведени барбики без коса.
„Барбика на хемотерапија“ нема коса, но има многу накит, како што се перики и марами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа