Виена се запозна со можностите за инвестирање во Македонија
Во Виена денеска почна Балканскиот самит за инфраструктура и градежништво кој се одржува со поддршка на Министерството за европски и надворешни работи на Австрија и Шведската стопанска комора на кој се присутни министри, амбасадори, експерти, инвеститори, меѓународни финансиски корпорации и банки.
Министерот Миле Јанакиевски е дел од самитот на кој говореше амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кој се осврна на проектите во македонскиот транспортен систем и најавените новите проекти за развој на инфраструктурната мрежа поврзани со коридорите 8 и 10. Тој ги повика присутните да ги искористат можностите што ги нуди Република Македонија за странските инвеститори во оваа област.
Претставниците на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) покажаа посебен интерес за намерите на балканските земји за развој на енергетската инфраструктура.
ФОТО: Влада