Како да ослабeте на здрав начин?

 

Поради неправилна исхрана и недоволна физичка активност, се проценува дека до 2030 година, поголемиот дел од жителите на планетата земја ќе биде дебели. Др. Љубомир Фаф, најпознатиот српски нутриционист, вели дека целиот свет е ’заразен‘ од болеста на дебелеење и дека треба многу прецизно да му се објасни на светот како се решава проблемот со намалување на масното ткиво.

Прво треба да се разбие фамата за диетите, бидејќи непознавањето на принципите на правилна исхрана доведува до тоа луѓето да сметаат дека само намалувањето на количината на храна е волшебно стапче и дека тоа ја претставува целата диета. 

„Пред сé, дефиницијата за диета е: изменет начин на исхрана според квалитетот и квантитетот на исхраната кој мора во целост да ги задоволи енергетските потреби на еден организам.“, вели доктор Фаф и додава дека доколку некој орган е заболен, или пак целиот организам, како што е случај со дебелеењето, тогаш диетата мора да го врати тој организам во претходната состојба.

Според неговите зборови, не може да се ослаби па некаков си волшебен пат, ригорозните диети, а пред започнувањето треба да се знае дека на енергетските потреби на еден организам влијаат следните фактори: полот на личноста, возраста, со каква работа се бави, условите под кои и во кои ги извршува работните задачи, времетраењето на работа и (како најважно), моменталната здравствена состојба.

Доктор Фаф смета дека не постои универзалност и дека секоја диета не е адекватна за секого, односно тоа е индивидуална работа. Ако се троши до 1 300 калории, тоа е претежно за лице кое на работа седи, без никаква физичка активност. А за да одредиме кој што треба да јаде, мора да се одреди точен распоред според часовник и што и како да се припреми самото јадење.

„За да ослабите на здрав начин и бидете спремни за претстојната, летна сезона, потребно е да знаете дека во секоја диета мора да се наоѓаат сите видови намирници, посебно житарици, со апсолутна предност на црното, р’жен леб поради содржината на Б комплекс, млеко со масленост од 1,6 до 2,8 отсто, поради што во млечните и животинските масти се раствораат витамините Б, Е и К, кои се неопходно потребни за функционирање на секоја ќелија.“, вели доктор Фаф и додава дека е задолжително внесувањето на месо – и тоа од сите врсти – секаков зеленчук освен грашок, грав и компир, а од овошје сé освен банани и грозје.

Зошто е важно да се јаде на три до четири часа?

Доктор Љубомир Фаф смета дека растојанието меѓу оброците не смее да биде помало од три, нити поголемо од четири часа, а саканиот биоритам е појадокот да биде до 8 часот, ужината околу 11, ручекот измеѓу 14 и 15, втората ужина околу 17, а вечерата околу 20 часот.

На органите за варење им е потребно 3 до 4 часа за да ја сварат храната која сме ја внеле, а со тоа се избегнува наглото оптеретување на крвотокот. Кога ќе се најадеме добро, се чувствуваме поспани, а тоа е последица на прераспределбата на крвта од пределот на мозокот, во пределот на органите за варење. 

Четири часа од зимањето на оброкот доаѓа до постепено опаѓање на нивото на шеќер во крвта. Како последица на тоа, доаѓа до потење на дланките, несвестица, треперење на рацете и најлошо е што мозокот нема доволно енергија да ја координира работата на сите органи во телото, посебно на жлездите со внатрешно лачење. Тогаш доаѓа до дисфункција, не само на органите, туку и на вазалниот метаболизам, а тоа го загрозува здравјето.

Пожелна исхрана според доктор Фаф

Појадок: Биолошки вреден појадок мора да содржи производи од житарици, едно парче црн, р’жен или интегрален леб, 200 грама млеко, јогурт или кисело млеко, 100 – 150 грама младо сирење и нешто зеленчук, најдобро домати.

Ужина: 200 – 250 грама овошје.

Ручек: Чинија супа или чорба, 150 до 200 грама месо, 200 грама зеленчук како салата, која може да се прелие со 10 грама масло и парче леб.

Ужина: Овошје         

Вечера: Млечни производи и 100 – 150 грама месо. Пред спиење да се изеде една јаболка.

01.07.2014 - 13:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега