Орешарски предводник на новата технократска влада во Бугарија
Денеска во Бугарија беше изгласена нова технократска влада која е предводена од социјалистите. Со ваквото изгласување се прекина политичкиот ќорсокако во кој што западна земјата по неодамнешните избори.
- Народот сака нова функционална Влада која ќе даде јасна перспектива за државата, изјави лидерот на социјалистите Сергеј Станишев.
Поранешниот министер за финансии педесет и тригодишниот Пламен Орешарски е предводник на новата влада. Тој не успеа да го заземе премиерското место откако партијата ГЕРБ, која ја загуби властта во февруари не успеа да обезбеди поддршка од останатите партии за да формира влада. На изборите на 12 мај ГЕРБ освои најмногу гласови, но не доволно за самостојно да формира влада.