Тивок убиец- сигурни сте дека ја немате оваа болест која се пренесува преку секс?
Не е чудно тоа што хламидијата е наречена тивок убиец. После бројни студии се проценува дека секој стоти човек во својот организам ја има оваа бактерија која се пренесува преку сексуален однос.
Тоа дека заболените лица не побарале лекарска помош, не е задолжително нивна вина. Всушност, хламидијата најчесто не дава никакви видливи симптоми. За мажите оваа болест ретко може да има потешки последици. Меѓутоа тие лесно можат да ја пренесат на својата партнерка.
За жал, доколку жените не ја лечат хламидијата со месеци или години, бактериите можат да се прошират во матката и јајниците. На крај може да се стигне до сериозни проблеми како стерилитет или воспаление на карлицата, што предизвикува болка и грчеви.
Понекогаш може да се појави секрет или болка при мокрење, но најчесто симптомите се незаприметливи.
Исто така доколку не се лечи, хламидијата може до таа мера да го заслабне организмот па телото да стане подложно за заболување од ХИВ и други инфекции. Само една посета на гинеколог е доволна за да се открие дали имате хламидија, а третманот со соодветни антибиотици ќе ја отстрани успешно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа