Како да се ослободите од забоболката за пет минути?
Една од најнепријатните и најсилните болки дефинитивно е онаа во забите. За да издржите додека го посетите најблискиот забар, испробајте го овој трик.
Едно истражување спроведено во Канада докажа дека можно е да се ослободите од болката во забите без отворање на устата.Сè што ви е потребно е една коцка мраз која ќе ја ставите на просторот помеѓу палецот и показалецот. Лесно тријте го тој дел 5 до 7 минути.
Токму овој дел од дланката е местото каде се наоѓаат нервните завршетоци поврзани со центарот за болка во мозокот и воедно го контролираат нивото на болка во рацете и главата.
Триењето со мраз ги блокира тие центри и речиси 90% од испитаниците кои учествувале во истражувањето потврдиле дека болката се намалила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа