Годишен состанок на Регионалниот Совет за соработка

 

Во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа,  на 30. мај во Охрид ќе се одржи Петтиот годишен состанок на Регионалниот Совет за соработка (РСС).

-Со состанокот ќе копретседаваат Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како актуелен претседавач со Процесот за соработка на Југоисточна Европа и Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, како оперативно тело на Процесот, информираат од МНР.

На состанокот, информираат од МНР, ќе бидат разменети мислења во врска со развојот на регионалната соработка и актуелните состојби во Регионот на ЈИЕ, а воедно предвидена е и презентација и одобрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот од 15 мај 2012 до 25 април 2013, како и презентација и одобрување на тригодишната Стратегија и Работна програма на РСС за периодот 2014 – 2016.

ФОТО: mfa.gov.mk