Во Хаг ќе им се суди на некогашните челници на Херцег-Босна
Денеска во Хашкиот трибунал ќе биде изречена првостепена пресуда на поранешните политички и воени челници на Херцег-Босна, обвинети за воени злосторства врз муслиманско население и друго нехрватско население од 1992 до 1994 година во рамки на здружен злосторнички потфат.
Обвинителите за поранешниот премиер на т.н Херцег-Босна Јадранка Прлиќ, министерот за одбрана Бруно Стојиќ, командантите на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО), генералите Слободан Праљко и Миливоје Петковиќ, побараа 40 години затвор.
Шестемина Хрвати се товарат за учество во здружен злосторнички потфат предводен од поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, чија цел била етничко чистење на подрачјето на Херце-Босна заради создавање „голема Хрватска“.
ФОТО: Кајгана