Гужва на „Богородица“

 

Од 16. јунии започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до 01.09.2014. Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ. 

На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули во сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 Септември 2014 година.

Од 16.јуни започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до 01.09.2014. Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори. - На патниот правец А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога. - На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента. - На патниот правец Дреново-Плетвар, во близина на каменоломот, во должина од 3 км, поради градежно асфалтерски работи, сообраќајот се одвива наизменично, регулиран со семафори. Градежните работи започнаа на 14.06.2014 и ќе траат во наредните 15 дена. - На патниот правец Р1105 Фурка-Дојран, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. - На патниот правец Велес-Штип од 23.05.2014 г. се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово. На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица возилата чекаат 30 минути.На останатите граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

28.06.2014 - 10:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега