Македонска Банка: СДСМ сака Груевски да биде како Заев

Откако Основното јавно обвинтеслтво реши да не поведе кривична постапка за т.н. случај Македонска банка, од опозициската партија реагираа со писмено соопштение. „Скандалот“ со кој СДСМ се надеваше дека ќе ги добие изборите падна во вода.

Од опозициската партија велат дека по оваа одлука на Обвинителството, Груевски станал како и Заев, аболирано лице.

„Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, оправдувајќи се со застареност, призна кривично дело во случајот милионски поткуп во којшто е инволвиран Никола Груевски. Скандалозна и срамна е одлуката на Зврлевски, со којашто обвинителот се постави во улога на адвокат на Груевски, наместо да постапи по неговата законска обврска за заштита на интересите на граѓаните на Македонија. Од денеска Груевски е амнестирано, аболирано и помилувано лице. “ - стои во писменото соопштение на СДСМ

За потсетување, опозицискиот лидер Зоран Заев е единственио аболициран политчар на раководна позиција, кој од тогашниот претседател Бранко Црвенковски беше ослободен од кривична пријава за криминал тежок над7 милиони евра за случајот Глобал.

 

27.06.2014 - 22:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега