Груевски го засилува својот кабинет со раководители во различни сектори

Кабинетот на премиерот има потреба од советници и лица на раководни функции. Распишани се два огласа. На првиот се  бараат лица за  раководни и нераководни функции од областа на странските инвестиции, подршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол. Сите кандидати задолжително треба да знаат англиски јазик, втор јазик ќе се смета за предност и да имаат факултетски просек од минимум 8,5.

Во вториот оглас се бараат советници за премирот и тоа 13 лица за различни сектори – за политички прашања, надворешни работи, животна средина , култура, економија, претпиемништво, иновации, земјоделство. Енергетика, транспорт и врски , телекомуникации , локална самоуправа

Огласите се објавени денеска , а сите заинтересирани можат да аплицираат електронски до 14 јули на веб страната на Влада со пополнување на посебен формулар .

На претходниот оглас  на кој се бараа лица за раководни позиции во јавните институции, аплицирале речиси 1000 лица. Тој трае до 30 јуни, а во склоп на ововј оглас  се бара и амбасадор во Бразил. Позоција за која може да се аплицира до 14 јули.

 

 

27.06.2014 - 22:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега