СДСМ продолжува со нападите врз Press24

Социјалдемократите повторно се незадоволни од начинот на кој известува Press24. Опозициската партија денеска испрати демант на информациите кои ги објави Press24. Нашиот медиум во согласност со новинарските стандарди редовно и интегрално ги објавува демантите на сите страни кои се засеганти од информациите кои ги пренесуваме. Сепак, со оглед на тоа што т.н. демант на СДСМ изобилува со квалификации и етикетирања на нашиот медиум, редакцијата на Press24 им се извинува на своите читатели поради тоа што нема да може да го објави.

Истовремено ја повикуваме опозициската партија да престане со праксата да ги етикетира сите медиуми кои не известуваат по нивната директива. 

Информираме дека ова е втор пат во последните 10 дена опозициската партија на ваков начин да бара демант на текстови објавени на нашиот портал, што нашата редакција го разбира како директен притисок и атак врз слободата на изразување, за која партијата јавно вели дека се залага, а истовремено ја става како еден од условите за враќање во Собранието.

Апелираме до сите новинарски здруженија во земјава да се заложат ставање на крај на притисокот кој опозициската партија го врши врз медиумите етикетирајќи ги и објавувајќи дека пренесуваат дезинформации. Истовремено, испраќаме апел до меѓународниот фактор, пред се претставниците на ОБСЕ задолжени за слобода на медиумите, да го вложат својот авторитет и да се стават во одбрана на независните медиуми, со цел да престане праксата, политичките партии да водат ваква хајка против медиумите. 

 

Редакција Press24

27.06.2014 - 21:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега