Тешки групи во Лигата на шампиони за Вардар и за Металург
Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар следната сезона ќе биде дел од групата “Ц” од Лигата на шампионите, заедно со Веспрем, Рајн Некар, Монпеље, Цеље и Чеховски Медведи. Според квалитетот на екипите кои ќе бидат наши противници идната сезона, ова ќе биде една од најизедначените групи во елитното натпреварување.
Македонскиот првак Металург за противници во групата „А„ ќе го име европскиот вице-првак, германски Кил со кој играше и во четвртфиналето минатата сезона. Во конкуренција е и минатогодишниот познаник францускиот П.С.Ж., потоа хрватскиот шампион Загреб КО, шпанската Ла Риоха и победникот од квалификациската група 1 во која ќе играат: Мешков Брест (Белорусија), Војводина, Нови Сад (Србија), Татран Прешов (словачка) и Таргос Бевбо (Холандија).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа