Николоски: Воведена авиолинија Охрид-Истанбул со Туркиш ерлајнс

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.
„Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа