Николоски: Македонија слепо црево на Балканот, а Србија доби 137 милиони евра грант

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави статус на неговиот профил на Фејсбук и кажа дека „Македонија е слепо црево на Балканот“,
 
„Уште еден ЕВРОПСКИ ПОРАЗ! Македонија СЛЕПО ЦРЕВО на Балканот
 
Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци.
 
Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира.
 
Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга Ниш - Димитровград - граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина - Солун - Будимпешта - Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив.
 
Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ“, напиша Николоски.

05.08.2022 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега