Нетанјаху: Израел ќе се бори до крај
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори својот став дека целосен прекин на огнот не е на повидок и дека неговите сили ќе се борат „до крај“, пренесува Ројтерс.
Во моментов, египетските и катарските посредници работат на обид за продолжување на прекинот на огнот во Појасот Газа.
„Од почетокот на војната, поставив три цели: елиминирање на Хамас, враќање на сите наши заложници и гарантирање дека Газа никогаш повеќе нема да биде закана за државата Израел. Овие три цели сè уште стојат.
Враќањето на десетина заложници е многу големо достигнување. Но, во последните денови го слушнав прашањето дали Израел ќе се врати во борбите откако ќе заврши оваа фаза од враќањето на израелските заложници. Мојот одговор е недвосмислено да“, рече Нетанјаху, пренесе Ројтерс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа