Несреќа на велосипедска патека во Скопје: Мотоциклистот итно пренесен во болница, велосипедистот избегал

 


Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Санданскин се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

12.05.2025 - 13:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега