Наутро сонце, потоа пресврт - УХМР со многу лоши вести за времето

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 20 литри на метар квадратен, појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час. 

27.03.2025 - 07:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега