НАТО изброи: Во Украина веќе има еден милион убиени и повредени

 

НАТО верува дека над еден милион луѓе се убиени или повредени во Украина, откако Русија ја започна својата целосна инвазија врз земјата во февруари 2022 година, јави ДПА.

-Секоја недела има над 10.000 убиени или ранети од сите страни во Украина“, изјави денеска  во Брисел генералниот секретар на НАТО Марк Руте.


 

„Секој ден, оваа војна предизвикува се повеќе пустош и смрт“, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека досега во војната се убиени 43.000 украински војници.  Покрај тоа, додава ДПА, уште 370.000 војници биле третирани од различни воени повреди, од кои половината се вратиле на воена служба.


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неодамна наведе слични бројки.

На социјалните мрежи тој напиша во војната до денеска има 600.000 убиени или ранети руски војници и околу 400.000 украински жртви, пренесе германската агенција.

12.12.2024 - 17:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега