Наставник во Израел објавил статус со поддршка за Палестина: Добил отказ, па веднаш го уапсиле и сега е во затворска самица
Еврејскиот наставник по историја кој на Фејсбук изрази ужас од глетката на израелската армија која убива палестински цивили во Газа, доби отказ.
Меир Баручин беше сменет во израелската општина Петах Тиквах, а подоцна беше уапсен и ставен во самица во затвор со висок степен на обезбедување.
„Пораката е кристално јасна – молчете и бидете внимателни“, изјави тој за „Гардијан“.
Баручин е еден од низата слични случаи, кои се зголемија по промената на повоениот закон што им дозволува на израелската влада и безбедносните сили да ја скратат секоја поддршка за Палестинците преку Интернет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа