Насилници барале пари од малолетник, па го раниле со нож

Полицијата извести дека вчера во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката „Бит Пазар“ со повреда од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, на подрачјето на Бит Пазар неколку лица му побарале пари, а откако не им дал едно од нив го нападнало со остар предмет и му нанело убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

pastedGraphic.png

 

26.03.2024 - 19:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега