Напаѓачот во фабриката на „Мерцедес“ сакал да ги убие газдите-Детали за нападот во Германија

 

 

Едно лице загина, а уште едно e тешко повредено во пукање во фабриката на „Мерцедес“ во германскиот град Синделфинген.

Неколку работници кои ја напуштиле фабриката за „Билд“ изјавиле дека нападот наводно бил насочен кон лидерите на тимот. Се пукало во канцеларијата на шефот.

„Билд“ пишува дека напаѓачот наводно е надворешен соработник на логистичка компанија. Полицијата го истражува инцидентот.

Многу работници од фабриката се на улица и разговараат со своите семејства на телефон.

Засега не е познат идентитетот на жртвата, додека од полицијата потврдија дека напаѓачот е 53-годишно лице.

Мотивот за пукањето не е познат.

11.05.2023 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега