Нападите во училиштата не запираат: Убиено 8-годишно девојче во Јужна Кореја

 


Осумгодишно девојче е убиено во напад со нож во основно училиште во градот Даеџон, додека наставничка е повредена, јави денеска новинската агенција Јонхап.

Нападот наводно се случил на вториот кат од училиштето околу 18 часот по локално време.

Девојчето било пренесено во болница без свест, но им подлегнало на повредите.

Повредената наставничка била прободена со нож во раката и вратот, но  е свесна.

Полицијата започна истрага за инцидентот.

10.02.2025 - 13:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега