„Најверојатно, ќе биде наследничка“: Ким Џонг-ун ја подготвува ќерката за претседател
Кандидатот за директор на јужнокорејската разузнавачка агенција Чо Тае Јонг изјави дека како негов најверојатен наследник ја гледа ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Џу-ае.
Џу-ае, за која се верува дека е родена во 2013 година, се најде во центарот на вниманието кога татко ѝ ја донесе интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-17“ на местото за лансирање на 18 ноември 2022 година за време на нејзиниот прв јавен настап, објави „Јонхап“.
Оттогаш, нејзините јавни активности се фокусирани на воени настани. Севернокорејските државни медиуми почнаа да ја нарекуваат Џу-ае почитуваната ќерка на Ким наместо неговата сакана или најомилена ќерка, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде наследничка на Ким.
„Врз основа на анализите на нејзините јавни активности и нивото на почит од моментот на нејзиното појавување во јавноста, се чини дека Ким Џу-ае, најверојатно, ќе биде наследничка“, рече Тае Јонг.
Сепак, тој рече дека се отворени сите можности кога станува збор за наследување на власта во Северна Кореја бидејќи сегашниот лидер на Северна Кореја е сè уште млад и очигледно нема здравствени проблеми, а има и други роднини што би можеле да го наследат.
Премногу е рано да се каже дали Ју-ае би можела да биде наследничка на Ким Џонг-ун бидејќи Северна Кореја е патријархално општество во кое доминираат мажи.
Се верува дека Ким има уште едно дете, чиј пол не е познат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа